вторник, 7. февруари 2023. Вести денес: 144
АКТУЕЛНО

Расте бројот на загинати во Турција и Сирија, спасувачите во трка со времето

home Вести

Во Подгорица запленети шверцувани цигари во вредност од над милион евра

Во Подгорица запленети шверцувани цигари во вредност од над милион евра

Голема количина цигари без акцизни марки е запленета во Подгорица, а проценетата вредност на нелегалниот товар е повеќе од еден милион евра, соопштија денеска претставници на Управата на полицијата и Царинската управа.

Цигарите ги заплениле припадници на Секторот за борба против организиран криминал и корупцијата во соработка со службените лица на Царинската управа, постапувајќи по наредба на Специјалното државно обвинителство, од 8 август годинава, се вели во соопштението.

Акцијата за заплена е изведена под името „Арка“. (МИА)