недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Во Париз приведен еден од неформалните лидери на „Жолтите елеци“

Во Париз приведен еден од неформалните лидери на „Жолтите елеци“

Еден од неформалните лидери на Движењето жолти елеци,  Ерик Друе синоќа е приведен во Париз поради организирање на протест без претходно да го пријави, јави дописникот на МИА.

-Апсењето на Друе е целосно неоправдано и произволно, изјави адвокатката Кеопс Лара.

Таа додаде дека повторното апсење на нејзиниот клинет било по барање на префекрурата без јавното обвинителство, кое според неа се покажало  „дефинитивно послушно и прилагодливо“, бидејќи не се спротистави на мерката притвор за Друе.

На 22 декември Друе беше уапсен за време на протестите во Паризпоради „носење на забрането оружје“ – стап  и за тоа ќе му се суди на 5 јуни.

Тој, исто така, предизвика контроверзи со повикот испратен преку  БФМ ТВ за да „се влезе“  во Елисеската палата. Ако потоа се одградуваше од своите изјави.

Претседателката на Национален сојуз  Марин Ле Пен и пратеникот на Бунтовна Франција,  Ерик Кокерол го осудија  апсењето на Друе посочувајќи дека се врши „систематското кршење на правата“ на противниците на Макрон и нивен „прогон“. (МИА)

Коронавирус