четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 43
home Вести

Во Пакистан убиен „таткото на Талибанците“

Во Пакистан убиен „таткото на Талибанците“

Исламскиот проповедник Мавлан Сами ул-Хак, познат во Пакистан како „татко на Талибанците“, е убиен со убод со нож во својата куќа во Равалпинди, соопшти неговиот син Хамид ул-Хак.

Портпаролот на убиениот проповедник Јусеф Шах изјави дека идентитетот на напаѓачите и нивниот мотив се уште не се познати.

Хак беше лидер на фракцијата на пакистанските Талибанци позната под името Исламска партија Џамиет-е-Улем.

Полицијата покрена истрага за убиството.

Коронавирус