вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 142
home Вести

Во падот на украинскиот воен авион загинале 22 офицери и кадети

Во падот на украинскиот воен авион загинале 22 офицери и кадети

Во падот на украинскиот воен авион на североистокот од земјата, во Харковската област, загинаа најмалку 22 лица, соопштија украинските власти.

Руски Тасс, повикувајќи се на Контролата на летот, јави дека во авионот Ан-26 имало 28 лица.

„Според прелиминарните информации, во авионот имало 28 лица, од кои седуммина офицери и 21 кадет на воената академија. За жал, 22 лица се загинати, а има двајца преживеани, од кои едно е во критична состојба. Судбината на четворица други засега е непозната. Се молиме за нивниот живот и даваме брза помош , напиша шефот на регионалната државна управа, Алексеј Кучер, на Телеграм.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека денес ќе го посети Харковскиот регион.

“Итно се формира комисија за разјаснување на сите околности и причини за трагедијата. Издадов релевантни упатства на премиерот. Во тек се операции за пребарување и спасување. Утре ќе бидам во регионот Харков“, напиша Зеленски на Телеграм.

Коронавирус