сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 51
home Вести

Во овој куфер се наоѓа тајната на американската моќ: Прв пат во историјата поранешниот претседател нема да го отстапи на сегашниот (ФОТО)

Во овој куфер се наоѓа тајната на американската моќ: Прв пат во историјата поранешниот претседател нема да го отстапи на сегашниот (ФОТО)
Foto: Profimedia

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, денеска нема да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден.

Неговото отсуство ќе има влијание врз еден од најважните детали на денот на инаугурацијата – предавањето на т.н. нуклеарен куфер на новиот шеф на Белата куќа.

Официјално, нема објаснување за тоа како Трамп ќе го предаде нуклеарниот куфер на Бајден, кој му служи на американскиот претседател за да може да лансира нуклеарни ракети во секое време, а го носи воен соработник, кој мора да биде со претседателот нон-стоп.

Обично, куферот се предава на друг помошник кој стои покрај новоизбраниот претседател на инаугурацијата, во овој случај Бајден, додека тој положува заклетва, објаснува „Си-ен-ен“.

Меѓутоа, денеска размената ќе се случи малку поинаку од вообичаеното, бидејќи Трамп ќе замине на Флорида.

Се верува дека нуклеарниот куфер ќе биде со него цело време, велат експертите, што значи дека ќе има најмалку два куфера на различни локации.

Повремениот автор на текстови во „Атомик сајантистс“, Стивен Шварц, објасни како стојат работите.

„Има најмалку три, веројатно четири идентични куфери. Едниот оди со актуелниот претседател, другиот е со потпретседателот, а третиот традиционално е покрај личност наменета да преживее важни настани, како што е инаугурацијата. Денес, еден куфер ќе биде надвор од градот, што значи дека само куферот на потпретседателот Пенс ќе биде во Вашингтон, освен ако воената канцеларија на Белата куќа не подготви еден и за Бајден“, изјавил тој за Си-ен-ен.

Кодовите за активирање на куферот на Трамп ќе важат до 11.59 часот по локално време, по што ќе бидат исклучени.

„Според 20-тиот амандман, Доналд Трамп е претседател до 11:59:59 и дотогаш има законско овластување да го користи нуклеарниот арсенал. Ако помошникот го придружува на Флорида, тој ќе треба да го напушти Трамп напладне и да се врати во Вашингтон, со куферот“, објаснува Шварц.

Доколку Трамп сака да нареди нуклеарен напад во 12.01, наредбата нема да биде валидна и воените команданти немаат обврска да ја извршат истата, а потоа кодовите ќе станат неважечки.

Во меѓувреме, Бајден ќе го добие својот „бисквит“ (пластична картичка со шифри за нуклеарен напад) веројатно рано наутро, пред инаугурацијата, како и потпретседателката Камала Харис, која ќе биде информирана за постапката за започнување на нуклеарен напад, но нивните кодови нема да бидат активни до пладне.

ЕУРО 2020

Македонија