недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Во овие 4 градови странците се најдобро платени

Во овие 4 градови странците се најдобро платени

Мумбај, индиската финансиска и комерцијална престолнина, се наоѓа на врвот на светската ранг-листа кога станува збор за висината на приходот на доселениците, покажуваат резултатите од анкета спроведена од ХСБЦ Банк Интернешнл.

Странците кои се преселиле во овој град пријавиле просечна годишна заработувачка од 217.165 долари, што е повеќе од двојно, во споредба со глобалниот просек на заработка на доселениците, кој изнесува 99.903 долари.

Мумбај, исто така, има висока стапка на вработеност и работно искуство меѓу доселениците, а забележан е и значителен удел на инженерите кои се преместуваат од многу инфраструктурни компании во бизнис престолнината на Индија.

Други азиски градови, кои се на врвот на листата, се Шангај, Џакарта и Хонг Конг.

Даблин, европскиот технолошки центар, исто така, зазема прво место на листата на дестинации кои располагаат со најдобри услови за вработување, но е под светскиот просек кога станува збор за платите.

Швајцарија, земја која претходно беше на врвот на листата, сега има само два града кои се наоѓаат на листата меѓу првите пет. Цирих, деловен центар за банкарскиот сектор, зазема трето место на листата на земји според износот на просечната плата, додека Женева е рангирана како петта.

Од друга страна, Берлин и Прага ги заземаат позициите при дното на листата на ХСБЦ, но повеќето од доселенците кои работат во овие градови сметаат дека условите за живеење во главните градови на Германија и Чешка се задоволителни.

Коронавирус