вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Во оваа земја граѓаните палат столбови за мобилна телефонија поради наводна поврзаност на 5Г и коронавирусот

Во оваа земја граѓаните палат столбови за мобилна телефонија поради наводна поврзаност на 5Г и коронавирусот

Во неколку градови во Велика Британија се запалени повеќе столбови за мобилна телефонија, а нападнати се и инженери поради непотврдени теории за поврзаноста на коронавирусот и 5Г мрежата, соопштија британските оператори за мобилна телефонија.

Откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од столбовите во пламен, операторите истакнаа дека ширењето на такви гласини е загрижувачко.

Запалени се столбови во Спракхил, Бирмингем и Мелинг.

Секретаријатот за дигитална технологија, култура, медиуми и спорт соопшти дека се информирани за тоа дека на интернет се шират неточни информации за 5Г технологијата.

Фејсбук ја отстрани страницата на која беа прикажани фотографиите од запалените столбови и ги поттикна и другите социјални мрежи да го направат тоа.

Од Компанијата Мобајл УК истакнаа дека уште позагрижувачки е тоа што одредени луѓе ги злоупотребуваат работниците и се закануваат дека ќе ја уништат инфраструктурата поради тврдењата за 5Г технологијата.

Коронавирус