сабота, 28. март 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Во опасна акција, новозеландската војска извлече шест жртви на вулканска ерупција

Во опасна акција, новозеландската војска извлече шест жртви на вулканска ерупција

Членови на војската на Нов Зеланд, опремени со заштитни маски и специјални одела, извлекоа шест тела од вулканскиот Бел остров каде претходно неделава се случи ерупција, а лекарите и натаму се борат за животите на тешко повредените лица, кои се здобија со изгореници.

Операцијата беше посебно ризична поради непосредната опасност од нова ерупција. Властите под притисок на семејствата на жртвите се согласија да ја изведат операцијата, иако опасноста од нова ерупција во следните 24 часа беше проценета на 50 до 60 отсто.

„Телата на жртвите се извлечени со хеликоптери, во кои имаше осуммина елитни припадници на новозеландската војска“, соопшти полицијата.

Шест од осум тела се извлечени од островот и префрлени на морнарички патролен брод, со кој ќе бидат транспортирани на копно, каде ќе се изврши идентификација.

При ерупција на вулкан во понеделникот загинаа најмалку 16 лица, кои престојувале на туристичкиот Бел остров. Повеќето од 29-те преживеани се сè уште во болница, од кои 22 на Нов Зеланд и седум во Австралија.

Во моментот на ерупција на островот имало 47 туристи и водичи од Австралија, САД, Велика Британија, Кина, Германија, Малезија и Нов Зеланд.