вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 185
home Вести

Во Њу Орлеанс полициски час по ураганот Ида

Во Њу Орлеанс полициски час по ураганот Ида

Во Њу Орлеанс синоќа беше воведен полициски час, два дена откако ураганот Ида го погоди брегот на американската држава Луизијана, и точно 16 години откако ураганот Катрина уби повеќе од 1.800 луѓе.

Во Луизијана загинаа најмалку четири лица, а спасувачите почнаа потрага по луѓе кои останаа изолирани по ураганот. Како што се повлекува водата, се гледа штета долж брегот на Мексиканскиот Залив во САД.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТОја Кантрел, изјави дека воведува полициски час во градот, во кој одредени делови сè уште немаат електрична енергија. Ида, која сега е тропска бура, се движи кон долините на Тенеси и Охајо.

Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океанот и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.

Локални избори 2021