недела, 7. март 2021. Вести денес: 1
home Вести

Во можните предвремени избори во Италија мнозинство во парламентот би обезбедиле партиите од десниот центар

Во можните предвремени избори во Италија мнозинство во парламентот би обезбедиле партиите од десниот центар

Во случај на предвремени избори во Италија, мнозинство во парламентот би обезбедиле партиите од десниот центар, јави онлајн весникот „Фанпејџ“.

Според анкетираните Италијанци, на прво место е партијата „Лига“ на Матео Салвини, која, во зависност од анкетите, има поддршка од 23 до 24 проценти од гласачите, пренесува Танјуг.

На второ место е Демократската партија, која е поддржана од 20 проценти од гласачкото тело, на трето место е „Фратели д’Италија“ со 16 проценти, следена од Движењето Пет Sвезди со 14 проценти од гласовите.

Анкетите, спроведени деновиве, откако почна новата политичка криза во земјата и најавите за евентуални предвремени избори, покажуваат дека коалицијата на десничарски партии би имала солидно мнозинство од 46 проценти, повеќе од она што би го имале левичарските партии што ја сочинуваат сегашната коалициска влада.

Сепак, ниту десничарските ниту левоцентристичките партии не би можеле да формираат мнозинска влада без помош на малите партии.

Во групата на десницата, тоа е „Форца Италија“ на Силвио Берлускони, на која и веруваат 7 проценти од гласачите, а во групата на партиите на левиот центар „Италија Вива“, на Матео Ренци, која има помеѓу 2,5 и 3 отсто од гласовите, во зависност од анкетата. (МИА)

Коронавирус