четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

АУДИО: Објавена нова бомба за Заев – „Маме ќе им e*aм на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

home Вести

Во Москва се затвораат сите продавници, освен оние за храна и аптеките

Во Москва се затвораат сите продавници, освен оние за храна и аптеките

Сите продавници, освен оние кои продаваат храна и пекарниците, ќе бидат затворени од 28 март до 5 април, а Уредбата не важи за аптеките, кои ќе останат отворени, соопшти градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Со Уредбата се опфатени сите ресторани и кафулиња, но и јавни места и паркови, како што е паркот Горки. Затворени ќе бидат и салоните за убавина, како и сауни, бањи и салони за масажа.

Собјанин напиша на својот блог дека овие мерки ќе го отежнат секојдневниот живот во Москва, но дека се неопходни за да се забави ширењето на новиот коронавирус.

– Мора привремено да го забраниме работењето на сите служби што подразбираат лично присуство. Овие мерки не вклучуваат медицински и служби за рехабилитација, банки и осигурителни компании, комуникации и погребни услуги.

Во Москва до денеска од предизвикувачот на Ковид-19 се заразиле 546 лица, од кои 136 во последните 24 часа, додека во Русија вкупниот број на пациенти е 840.

Парламентарни избори 2020