сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во Москва се одржува меѓународна средба за Авганистан

Во Москва се одржува меѓународна средба за Авганистан

Главниот град на Русија, Москва денеска ќе биде домаќин на меѓународна средба за Авганистан со учество на талибанците.

Тоа ќе биде прва средба од ваков вид откако талибанците ја преземаа власта во Авганистан пред нешто повеќе од два месеци.

На средбата во Москва ќе учествуваат претставници на десетина земји, меѓу кои Кина, Пакистан и Иран.

Делегацијата на новите авганистански власти ќе ја предводи вицепремиерот Абдул Салам Ханафи, кој учествуваше во преговорите за повлекување на американските вооружени сили од земјата.

Средбата во Москва ќе го зајакне статусот на талибанците на чело на Авганистан, изјави портпаролот на движењето Забиула Муџахид.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека главни теми на форумот ќе бидат „политичко-воената ситуација во Авганистан“ и формирање порепрезентативна влада во земја.

– Средбата е обид да се разбере што се случува, наведе портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Коронавирус