вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

Во Москва приведени двајца поранешни соработници на Навални

Во Москва приведени двајца поранешни соработници на Навални

Московската полицијата вчера уапси двајца поранешни членови на тимот на опозициски политичар Алексеј Навални и и го продолжи куќниот притвор на неговата портпаролка. Навални се наоѓа во притвор од јануари 2021 година, кога се врати во Русија по неколкуте месеци минати на лекување во Германија заради труењето со нервнот агенс „Новичок“ во август 2020 година, за кое самиот тврдеше дека го извршиле оперативци на Федералната служба за безбедност (ФСБ) по наредба на рускиот претседател Владимир Путин.

Кремљ негираше каква било поврзаност со труењето на Навални. По неговото затворање, Кремљ ја засили кампањата против Навални и неговите соработници, од кои многумина побегнаа од Русија во страв од апсење.

Адвокатот Александар Саламов вчера изјави дека Андреј Ахмедулов и Софија Капиносова се приведени во акција што може да биде поврзана со истрагата против Навални.

Рускиот суд, истовремено, вчера на портпаролката на Навални, Кири Јармиш, и го продолжи домашниот притвор, додека го чека судењето во јануари следната година, соопшти нејзиниот адвокат и колегите.

Јармиш се наоѓа во домашен притвор од февруари откако беше обвинета за кршење на безбедносните правила за сузбивање на Ковид-19 за, како што властите го нарекоа, неовластен протест за поддршка на Навални, додека таа тврди дека обвинението е политички мотивирано.

Навални во моментов се наоѓа на издржување затворска казна под обвинение за проневера, за која рече дека е измислена поради неговата политичка активност.

Коронавирус