среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Во Москва повеќе од 60.000 доброволци за руската вакцина

Во Москва повеќе од 60.000 доброволци за руската вакцина

Повеќе од 60.000 луѓе се пријавија доброволно да учествуваат во испитувањата на руската вакцина против Ковид-19 во Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин.

– Повеќе од 60.000 лица доброволно се пријавија, а повеќе илјади луѓе ги поминаа потребните медицински тестови со цел да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање, рече Собјанин во интервју за телевизијата „Русија-1“.

Собјанин додаде дека, како дел од тестирањето, повеќе од 700 луѓе ја примиле вакцината наречена „Спутник V“ и сите се чувствуваат добро

Коронавирус