четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 69
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Во Москва отпуштаат од работа лица кои не сакаат да се вакцинираат

Во Москва отпуштаат од работа лица кои не сакаат да се вакцинираат

Работодавците во Москва се должни да отпуштаат вработени кои одбиваат вакцинација против коронавирусот, соопштија од  Оперативниот штаб за контрола и следење на состојбата со Ковид-19 во рускиот главен град.

Според оштабот, присуството на високо ниво на антитела не е показател да се избегне вакцинација против коронавирусот.

„Во моментов не постои докажан метод за мерење на нивото на антитела доволно за да се изгради имунитет кај луѓето, или систем за проценка на ефективноста и стапката на адаптација на антитела кон мутирани соеви на вирусот“, се вели во соопштението.

Покрај тоа, не препорачуваат жителите на Москва да се тестираат за антитела пред вакцинација.

Во градот вчера беа регистрирани 88 смртни случаи, црн рекорд од почетокот на пандемијата. Москва нареди задолжителна вакцинација за жителите на градот кои работат во сферата на услуги. Седум други руски градови меѓу кои и Санкт Петербург воведоа слични правила. Во Москва каде има 12 милиони ѓители, само 1,5 милиона луѓе се вакцинирани. Според најновите анкети, 60 отсто Руси нема да се вакцинираат.

Коронавирус