петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 229
home Вести

Во Молдавија ќе има втор круг од претседателските избори

Во Молдавија ќе има втор круг од претседателските избори

Претседателските избори во Молдавија одат во втор круг на 15 ноември, бидејќи првичните резултати покажуваат дека актуелниот претседател Игор Додон има мала предност пред главната противкандидатка Маја Санду, но не е доволна за победа во првиот круг.

Врз основа на преброените 62,3 проценти од гласовите, Додон доби 36,51отсто гласови, објави Централната изборна комисија.

Маја Санду, поранешна премиерка, доби 30,63 проценти од гласовите. На изборите во 2016 година, Додон ја победи Маја Санду во вториот круг со помалку од пет проценти.

Коронавирус