сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 6
home Вести

Во Мексико евакуирани 92 лица поради тероризирање од нарко картели

Во Мексико евакуирани 92 лица поради тероризирање од нарко картели

Мексиканската војска и полиција евакуираа 92 лица во државата Гереро, кои беа изложени на тероризирање од страна на нарко картел.

Портпаролот на службата за државна безбедност Роберто Алварез изјави дека се евакуирани главно постари лица, жени и деца. Тие го напуштија местото Хуајаналко во мексиканската општина Тотолапан, од страв од нарко картелот, кој дејствува во таа област.

Евакуираните се одведени во градот Атојак, но засега не е познато зошто е одбрана таа дестинација.

МИА

Коронавирус