понеделник, 6. февруари 2023. Вести денес: 179
АКТУЕЛНО

Најнов биланс: Во земјотресите во Турција и Сирија загинале повеќе од 3.000 луѓе, најмалку 15.500 повредени

home Вести

Во Мали неидентификувани униформирани лица апсат министри

Во Мали неидентификувани униформирани лица апсат министри

Неидентификувани вооружени лица го уапсија претседателот на Парламентот на Мали, Мусу Тимбина и министерот за економија и финансии Абдулај Дафе, објавија локалните медиуми.

Според западните медиуми, уапсен е и министерот за надворешни работи, а во главниот град на Мали, Бомако се слушаат истрели. Исто така јавуваат и дека воените единици од базата Кати, оддалечена 20 километри од Бомако, откажале послушност и се одметнале поради малите плати.

Во исто време, припадниците на опозициското движење „5 јуни“ повикаа на општи протесто, а едно од главните барања е претседателот Ибархим Бубакар Кејта веднаш да поднесе оставка.