четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 13
home Вести

Во Малезија приведени 269 бегалци Рохинџи

Во Малезија приведени 269 бегалци Рохинџи

Малезиската крајбрежна стража вчера приведе 53 лица кои се обиделе да допливаат до брегот, а уште 216 лица се приведени од брод, на кој беше пронајдено и безживотно тело.

Сите приведени се Рохинџи, но се уште не е познато колку долго биле на море и од каде допатувале. Тие се сместени во привремени притвор, а телото е предадено на полицијата.

Стотици илјади етнички муслимани Рохинџи го напуштија Мјанмар поради воените акции и живеат во бегалските кампови во Бангладеш.

Малезија, каде мнозинството се муслимани, е вообичаена дестинација за криумчарите кои им ветуваат на бегалците подобар живот во странство.

Малезиската Национална работна група соопшти дека до мај притворени се 396 луѓе кои илегално се обиделе да влезат во земјата, заедно со 108 сопственици на чамци и 11 осомничени криумчари.

Малезија во април врати брод што превезуваше околу 200 бегалци Рохинџи, во главно деца, поради пандемијата со Ковид-19.

Во Малезија има околу два милиона работници мигранти со легален статус и над два милиона со илегален статус, како и околу 180.000 бегалци и азиланти, од кои 101.000 Рохинџи.

Коронавирус