понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Во Лондон бдеење и миса за Виетнамците пронајдени во камионот ладилник

Во Лондон бдеење и миса за Виетнамците пронајдени во камионот ладилник

Неколку стотици членови на виетнамската заедница се собраа во Лондон на бдеење и миса за 39-те Виетнамци чии тела беа пронајдени минатата недела во камион ладилник во покраината Есекс.

Британската полиција вчера соопшти дека сите 39 лица се Виетнамци.

Пред почетокот на мисата во Римокатоличката црква, во подножјето на олтарот симболично беа поставени свеќи во форма на бројот 39, пренесува лондонски Телеграф.

Свештеникот Сајмон Нгуен се помоли за жртвите и упати сочувство до членовите на нивните семејства.

Тој рече дека Виетнамците настрадале во потрага по слобода, достоинство и среќа.

Коронавирус