петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 142
home Вести

Во корупциски скандал уапсен градоначалникот на Рио де Жанеиро

Во корупциски скандал уапсен градоначалникот на Рио де Жанеиро

Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Марсело Кривела, денеска е уапсен под обвинение за корупција, јави телевизијата Глобо.

Според извештаите на медиумите, во рамки на истрагата биле уапсени уште неколку лица – бизнисменот Рафаел Алвеш, пензионираниот директор на полицијата Фернандо Мораеш, поранешниот благајник на кампањата на Кривела, Мауро Македо и бизнисменот Аденор Гонсалвес дос Сантос.

Апсењата се дел од операцијата „Хадес“, што ги истражува шемите за корупција во градското собрание на Рио.

Пред да влезе во полициската управа, Кривела на медиумите им изјави дека токму тој е градоначалникот кој најмногу се борел против корупцијата и дека очекува правда.

Апсењето на Кривела се случува на само девет дена пред крајот на неговиот мандат, наведуваат бразилските медиуми.

Истрагата почнала во 2018 година со операцијата „Размена“ за перење пари и криење девизи за луѓе поврзани со шемите за поткуп, во која биле вклучени бизнисмени и политичари од државата Рио де Жанеиро.

Се верува дека шеф на организацијата бил бизнисменот Рафаел Алвеш, кој одлучувал со кои компании градската управа треба да склучува договори. Според истражителите, ова влијание довело до појава на шема за уцена на бизнисмени кои сакале да склучат вакви договори со канцеларијата на градоначалникот во Рио де Жанеиро.

Коронавирус