среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 140
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

Во Колумбија запленети рекордни 10 тони кокаин

Во Колумбија запленети рекордни 10 тони кокаин

Колумбиските власти вчера заплениле 10 тони кокаин од две тајни лаборатории на југозападот на земјата, кои според армијата припаѓале на герилците на ЕЛН.

-Ова е најголемата заплена на кокаин годинава, изјави за медиумите министерот за одбрана Диего Молано.

Дрогата е пронајдена во две лаборатории на Ослободителната национална армија (ЕЛН) во село во департманот Нарино, што се граничи со Еквадор, а е запленета во заедничка акција на армијата, полицијата и авијацијата.

-Десет тони значат повеќе од 300 милиони долари што може да ги заработи ELM, групата што ги контролираше тие две лаборатории, рече Молано.

Обвинителството наведува дека дрогата била складирана и чекала да биде испратена во Централна Америка, една од најчесто користените рути за илегалната трговија со дрога кон САД, главниот светски потрошувач на колумбиски кокаин.

И покрај полувековната војна против шверцот со дрога и отворената поддршка од САД во оваа борба, Колумбија и натаму е главниот светски производител на кокаин.

Коронавирус