понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во Колумбија рекорден број новозаразени со Ковид-19

Во Колумбија рекорден број новозаразени со Ковид-19

Во Колумбија е потврден рекорден број нови случаи на коронавирус – 10.673, а вкупниот број на заразени достигна 306.198, соопшти Министерството за здравство.

Колумбија е на 11 место во светот по бројот на заразени со коронавирусот.

Уште 225 лица починале од Ковид-19, што е најмал број на смртни случаи во последните 10 дена.

Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува 10.330, јави Си-Ен-Ен.

Вонредната состојба во Колумбија беше продолжена до 30 август, но во некои делови на земјата започна делумно отворање.

Коронавирус