среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 118
home Вести

Во кинески рудник поради труење со јаглерод моноксид загинаа 16 рудари

Во кинески рудник поради труење со јаглерод моноксид загинаа 16 рудари

Шеснаесет лица ги загубија животите како резултат на труење со јаглерод моноксид во рудник за јаглен во југозападна Кина, соопштија кинеските власти.

Пред трагедијата, во рудникот останале заробени 17 рудари, кои подоцна биле звлечени од таму, но 16 од нив веќе не давале знаци на живот, додека единствениот преживеан бил префрлен во болница.

Кинеската државна новинска агенција Синхуа јави дека зголемувањето на нивото на јаглерод моноксид во внатрешноста на рудникот се должи на палење на ленти или ремени, но не прецизира кои од нив.

Истрагата за несреќата во рудникот, која се наоѓа во кинескиот округ Чиѓијанг, е во тек. (МИА)

Коронавирус