понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во Кина потврден прв случај на новиот вид коронавирус

Во Кина потврден прв случај на новиот вид коронавирус

Кина денеска го потврди првиот случај на новиот вид коронавирус откриен во Велика Британија.

Центарот за контрола на заразните болести на Кина соопшти дека новиот вид е откриен кај 23-годишна жена која на 14 декември долетала од Велика Британија во Шангај.

Кинеските власти предупредуваат дека тоа претставува „голема потенцијална закана“ на напорите на за спречување и контролира на ширењето на вирусот.

Се претпоставува дека новиот вид на коронавирусот многу побрзо се пренесува и е присутен во повеќе од 50 земји во светот. Поради новиот вид Кина воведе рестрикцу за патувањата од Велика Британија. (МИА)

Коронавирус