четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 20
home Вести

Во Кина 48 новозаболени, сите повратници од странство

Во Кина 48 новозаболени, сите повратници од странство

Кина денес пријави еден смртен случај и 48 новозаболени од коронавирус, сите повратници од странство.

Во Вухан и во провинцијата Хибеји нема нови заразени меѓу локалното население, со што градот, провинцијата и целата земја се поблиску до укинување на сите забрани и повторно нормално функционирање.

Кина забележа 81.218 заразени и 3.305 смртни случаи од кога вирусот прв пат е откриен во Вухан во декември.

Од вирусот се излечиле 76.052 заболени а 2.161 и понатаму се на лечење.

Коронавирус