вторник, 11. август 2020. Вести денес: 19
home Вести

Во Кенија повеќе од 20.000 заразени со коронавирусот

Во Кенија повеќе од 20.000 заразени со коронавирусот

Во Кенија вчера се регистрирани 723 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка надмина 20.000, соопшти Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата, во Кенија 20.636 луѓе се разболеле, а најмалку 341 лица починале, пренесува Си-Ен-Ен.

Кенија се подготвува да го отвори меѓународниот сообраќај.

За странските туристи ќе биде задолжителен негативен тест не постар од 96 часа и карантин од 14 дена, освен за патниците кои доаѓаат од земји за кои Кенија смета дека се со низок ризик во врска со епидемијата на Ковид 19. (МИА)

Коронавирус