вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 55
home Вести

Во Казахстан рестрикции на струја, причина се криптовалутите

Во Казахстан рестрикции на струја, причина се криптовалутите

Копањето криптовалути троши огромна количина електрична енергија, а тоа предизвикува локална енергетска криза во Казахстан.

Фајненшл тајмс известува дека операторот со електричната мрежа во земјата, соопштил дека ќе почне да ја рационализира дистрибуцијата за 50 регистрирани крипторудари откако нивната работа наводно предизвикала итно исклучување во три електрани во октомври.

Министерството за енергетика проценило дека побарувачката за електрична енергија се зголемила за осум проценти од почеток на 2021 година во однос на типичниот раст од еден или два проценти. Од октомври дошло до прекин на струјата во шест региони на земјата.

Официјалните лица сметаат дека прекините во електрична енергија има поради голем број нерегистрирани крипторудари  кои илегално произведуваат дигитален имот од своите домови или фабрика.

Струјата била релативно евтина во Казахстан, што земјата ја прави засолниште за компании кои се надеваат дека ќе остварат поголем профит врз основа на крипто операција.

Казахстан се обидува да ја надомести загубата на струја. Властите бараат од руските енергетски компании да ја дополнат националната електроенергетска мрежа, а од регистрираните рудари ќе наплатуваат надоместок од околу 0,0023 долари за секој киловат час почнувајќи од 2022 година.

Коронавирус