недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во карантин тројца премиери на балтички држави по средба со словенечкиот колега

Во карантин тројца премиери на балтички држави по средба со словенечкиот колега

Министрите за надворешни работи на сите три балтички земји од денеска се во карантин, бидејќи нивниот словенечки колега е позитивен на новиот коронавирус.

Анже Логар беше позитивен во петокот, а во четвртокот ја заврши турнејата низ балтичките земји, каде се сретна со колегите од Летонија, Едгарс Ринкевичиус, Естонија Урмас Реинсалу и Литванија, Линас Линкевичиус.

Неколу дена по враќањето од посета на Естонија, претседателот на Полска, Анджеј Дуда, исто така е позитивен на Ковид-19. Во понеделникот, на инвестицискиот форум во Талин, каде Дуда се состана со претседателот на Естонија, Керсти Каjулаид, присуствуваше и претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој веќе е во изолација. (MИА)

Коронавирус