недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во Канада, активистка за човекови права најдена мртва

Во Канада, активистка за човекови права најдена мртва

Пакистанската активистка за човекови права Карима Белуџ, најдена е мртва во канадскиот град Торонто, каде живеела во последните пет години во егзил.

Телото на Карима Белуџ (37) најено е откакоо полицијата во Торонто претходно соопшти дека таа исчезнала во неделата, а полицијата сега наведе дека „не верува оти има сомнителни околности“ во врска со нејзината смрт, пренесе Би-Би-Си.

Белуџ, активискта од покраината Белуџистан на западот на Пакистан, беше позната како остар критичат на пакистанската војска и држава. Беше една од организаторките на студентските протести кои бараа независност на Белуџистан.

Го напушти Пакистан во 2015 година, откако проитв неа беше подигнато обвинение за тероризам.

Според зборовите на нејзиниот пријател и колега Латиф Џохор Балуџа, кој исто така живее во Торонто, била изложена на закани и по заминувањето од Пакистан.

Тој за Би-би-си изјави дека неодамна добила анонимна закана во која некој ја предупредил дека ќе ѝ прати „божиќен подарок“ и дека ќе ѝ „одржи лекција“.

Коронавирус