недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 63
home Вести

Во Јужна Кореја рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во еден ден

Во Јужна Кореја рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во еден ден

Јужна Кореја денеска евидентираше најголем број на смртни случаи од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, со 24 пациенти кои починаа и вкупно 698 смртни случаи, соопшти азиската здравствена служба.

Медицинските власти побараа од полицијата веднаш да почне да ги казнува оние што ги кршат рестриктивните мерки.

Регистрирани се уште 926 случаи на коронавирус, што е нешто помалку од рекордниот број на новозаразени од вчера, кога беа 1.097.

И покрај обидите да се спречи ширењето на инфекцијата, Јужна Кореја размислува дали владата треба да воведе построги ограничувачки мерки, бидејќи болниците остануваат без слободни кревети, а вчера имаше само четири слободни легла на интензивна нега во пошироката област на Сеул.

Владата им нареди на приватните болници да ослободат повеќе од 300 легла за да остават простор за пациентите со коронавирус, а за возврат дадоа 4,5 милиони долари за да ги надоместат трошоците на приватниците.

Градот Сеул размислува за уште построги мерки од физичкото дистанцирање – максималниот број на луѓе собрани на едно место се планира да биде пет, почнувајќи од 24 декември, јави агенцијата Јонхап.

Во петокот, полицијата во Сеул изврши рација во 60 ноќни клубови и кафулиња, кои ги прекршувале правилата за физичко дистанцирање, а вкупно 35 лица беа приведени, вклучително и сопственици на објектите и клиенти, се вели во полициското соопштение.

Коронавирус