понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 159
home Вести

Во Јемен загинаа петмина пиротехничари, од кои тројца Балканци

Во Јемен загинаа петмина пиротехничари, од кои тројца Балканци

Во експлозија во Јемен загинаа петмина пиротехничари, од кои двајца Јужноафриканци и по еден државјанин на Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово, соопшти денеска саудиската фирма во која биле вработени жртвите.

Во соопштение од Центарот за хуманитарна помош на саудискиот кралот Салман, пак, се наведува дека во експлозијата што се случи вчера, е повреден и еден британски државјанин.

Пиротехничарите, ангажирани во рамки на проектот за деминирање што во Јемен го спроведува Саудиска Арабија, загинале во експлозија што се случи додека во возило превезувале противпешадиски мини и други експлозивни направи, што требало да се уништат.

Несреќата се случи во покраината Марибу во централниот дел на Јемен.

Во војната во Јемен провладините сили со помош на Саудиска Арабија војуваат против бунтовниците Хутите, на кои им помага Иран и кои се обвинуваат за масовно користење мини. 

МИА

Коронавирус