недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Во Јапонија откажани летови, железничкиот сообраќај отежнат, поради силен снег

Во Јапонија откажани летови, железничкиот сообраќај отежнат, поради силен снег

Поради силни снежни врнежи во Јапонија, една од најголемите авиокомпании во земјата, Ол Нипон Ервејз откажа 52 лета, а Јапан Ерлајнс 91 лет.

Бранот студен воздух зафати поголем дел од земјата, а големите снежни врнежи предизвикаа проблеми во сообраќајот.

Локалните медиуми објавија дека железничките линии на компанијата „Јамагата Шинкансена“, која сообраќа во севеоисточниот дел од државата, ги прекинала своите услуги од вечерва и нема да сообраќа првиот ден од Новата година.

Јапонската метеоролошка агенција ги зголеми предупредувањата за превозот и за прекини на електрична енергија во региони каде се очекува силен снег со пораст на атмосферскиот притисок.

Коронавирус