понеделник, 5. декември 2022. Вести денес: 150
АКТУЕЛНО

Скопје БЛОКИРАНО, Данела Арсовска со СПЕЦИЈАЛЦИ се брани од СКОПЈАНИ и новинарските екипи

home Вести

Во Израел веќе се вакцинирани милион жители

Во Израел веќе се вакцинирани милион жители

Израел објави дека во државата веќе се  вакцинирани еден милион луѓе против Ковид-19, што е повеќе од една десетина од населението, како дел од спроведувањето на една од најраните и најбрзи кампањи за вакцинирање во светот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше присутен кога милионитиот Израелец ја прими вакцината во арапскиот град Ум ал Фахм каде најголем дел од населението е арапско.

Нетанјаху го нарече тоа – момент на голема возбуда.Целта на државата е да бидат вакцинирани минимум 5.5 милиони луѓе. Досега се вакцинирани над 40 отсто од луѓето над 60-годишна возраст.

Арапите се околу 20 проценти од израелското население и поспоро ја прифаќаат кампањата за вакцинација. (МИА)

Коронавирус