недела, 20. септември 2020. Вести денес: 40
home Вести

Во Израел рекордни речиси 5.000 новозаразени од коронавирус

Во Израел рекордни речиси 5.000 новозаразени од коронавирус

Израел денеска потврди дека 4.973 лица се новозаразени од коронавирус за само еден ден, што е рекорден број од почетокот на епидемијата.

Министерството за здравство соопшти дека бројот на активни случаи е 40.689, дека имало 47.509 тестови и дека стапката на инфекција е алармантна – 10 проценти.

Повеќе од 500 заразени лица се во сериозна состојба, а 140 се на апарати за дишење, пренесуваат израелските медиуми.

Во Израел од Ковид-19 починаа 1.141 лице.

Професорот Рони Гамзу, кој раководи со Кабинетот за коронавирус, денеска рече дека верува оти бројот на заразени лица во Израел е многу поголем од официјалниот, но дека тоа не може да се потврди се додека не се зголеми бројот на дневни тестови.

– Ако направевме повеќе тестови, денеска ќе имавме уште 20.000 пациенти, изјави Гамзу.

Во Израел, во петок, во пресрет на еврејската Нова година, започнува тринеделен период на изолација во обид да се запре ширењето на вирусот. (МИА)

Коронавирус