сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 98
home Вести

Во Израел повеќе вакцинирани отколку заразени од почетокот на пандемијата

Во Израел повеќе вакцинирани отколку заразени од почетокот на пандемијата

Израелското Министерство за здравство соопшти дека во земјата за девет дена повеќе луѓе се вакцинирани против коронавирусот, отколку што се заразени од почетокот на пандемијата.

Вакцинирани се речиси 500.000 лица, односно околу пет отсто од девет милионското население на Израел, наведува Министерството.

Вкупно досега во Израел се потврдени повеќе од 407.000 заразени случаи, а од Ковид-19 починале околу 3.200 пациенти.

Коронавирус