среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 143
home Вести

Во изминатите два месеца над 450 убиени во протестите во Ирак

Во изминатите два месеца над 450 убиени во протестите во Ирак

Илјадници Ирачани се собраа денеска во Багдад и јужен Ирак, и покрај насилството во кое загинаа повеќе од 450 луѓе во изминатите два месеца.

Голем број демонстранти се собраа на плоштадот Тахрир во Багдад, центарот на протестите, кои повикуваат на избор на нови власти во Ирак.

Во близина на Тахрир, 20 демонстранти и четворица полицајци беа убиени во напад од страна на група вооружени лица во петокот.

Во Насирија, град на југот на државата, исто така и место на масакрот пред десетина дена, демонстрантите се собраа во центарот каде им се придружија претставници на влијателни јужни племиња.Тие ветуваат дека ќе продолжат со протестите до падот на режимот.

Илјадници Ирачани демонстрираа и во Ал-Хили, Амару, Диванија, Куту и Наџаф.

Протестите почнаа на 1 октомври и оттогаш не престанаа.

Според западни медиуми, врз основа на медицински и полициски податоци, таму се убиени 452 луѓе, а околу 20.000 повредени, повеќето од нив демонстранти.

Демонстрантите бараат промена во политичкиот систем и крај на корупцијата во една од најбогатите земји со нафта во светот.