понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 33
home Вести

Во изминатиот ден 23 жртви на ерменска страна во Нагорно Карабах

Во изминатиот ден 23 жртви на ерменска страна во Нагорно Карабах

Во судирите во Нагорно Карабах во изминатиот ден беа убиени 23 лица од ерменска страна, што го зголеми вкупниот број на жртви на 104, објави владиниот информативен центар.

Десетици луѓе загинаа, а стотици се ранети во борбите од неделата што се проширија надвор од границите на Нагорно Карабах, заканувајќи се дека ќе се прелеат во општа војна меѓу поранешните советски републики Азербејџан и Ерменија.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на минатата недела.

На 27 септември, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека вооружените сили на Ерменија гранатираа места на линијата за контакт во Нагорно Карабах и дека меѓу жртвите има цивили и војници.

Според Министерството за одбрана на Ерменија, Нагорно Карабах бил мета на воздушни и ракетни напади. Ереван тврди дека Баку започнал офанзива во правец на Карабах.

Коронавирус