понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Во Италија се погребуваат абортирани фетуси со бел крст и името на жената која ја прекинала бременоста

Во Италија се погребуваат абортирани фетуси со бел крст и името на жената која ја прекинала бременоста

Четириесет години откако во Италија е усвоен Закон за абортус со кој и се дозволува на секоја жена слободно да одлучи што ќе прави со бременоста, не запираат обидите таа слобода да се ограничи.

Најновите случаи ја вознемирија јавноста, пред се оние кои се борат за правата и еднаквоста на жената. Имено, извесна Марта од Рим која морала да ја прекине бременоста поради терапевтски причини, подоцна утврдила дека фетусот бил уредно погребан на римските гробишта Фламино, со бел крст и со нејзиното име.

-Тоа е како јавно на сите да им кажете: госпоѓата абортиташе. Тоа е недозволиво, прокоментирала за двевниот весник „Il Manifesto“ сенаторката и членка на Демократската партија, Моника Кирина, пренесува Танјуг.

Според важечката процедура, во Италија лицето кое сака да ја прекине бременоста мора да потпише низа документи, меѓу кои и да одбие или да даде согласност фетусот да биде погребан.

Марта не сакала погреб на фетусот и тоа е наведено во документот кој го потпишала. Меѓутоа, случајно открила дека фетусот сепак е погребан и дека постојат цели гробишта со бели крстови и имињата на жените кои избрале да ја прекинат бременоста.

-Тоа е агресивност, мојата приватност е нарушена. Секоја жена има право да избере што сака да прави со бременоста. И шокантно е да се види своето име на гробен крст, вели Марта чие презиме весникот го нема наведено.

Коронавирус