вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Вести

Во Италија речиси 99 отсто од смртните случаи од Ковид-19 се кај лица кои не се целосно вакцинирани

Во Италија речиси 99 отсто од смртните случаи од Ковид-19 се кај лица кои не се целосно вакцинирани

Речиси 99 отсто од смртните случаи од Ковид-19 во Италија, после февруари, се евидентирани кај лица кои не биле во целост вакцинирани, соопшти Националниот здравствен институт на Италија.

Според студијата, Институтот соопшти дека починале и неколку ревакцинирани лица откако се заразиле со коронавирус.

Извештајот појаснува дека при смртните случаи кај ревакцинирани лица станува збор за значително постари лица, кои во просек имаат над 88 години, додека возраста на починатите кои не се вакцинирани во просек е 80 години. Институтот потенцира дека вакцинираните лица кои починале од коронавирус имале и бројни, други, здравствени проблеми пред инфицирањето со коронавирус.

Коронавирус