сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Во Италија откриено дека коронакризата почнала многу порано

Во Италија откриено дека коронакризата почнала многу порано

Првите зарази со „Ковид-19“ во Италија започнале во јануари, според научната студија претставена денеска, што фрла ново светло на појавата на епидемија во една од најтешко погодените.

Италија започна да ги тестира луѓето откако бил дијагностициран првиот локален пациент во Кодоња, мал град во богатиот регион Ломбардија, на 19 февруари.

Бројот на случаи на инфекција со Covid-19 и смртни случаи веднаш почнал брзо да се зголемува, а научниците се сомневаа дека вирусот бил присутен и незабележан со недели претходно.

Стефано Мерлер од фондацијата „Бруно Кеслер“ на прес-конференција со високи здравствени претставници соопшти дека неговиот институт го преиспитал првиот случај и извлекол јасни заклучоци за ширењето на инфекцијата.

„Видовме дека имало многу луѓе заразени во Ломбардија многу пред 20 февруари, што значи дека епидемијата започнала порано“, рече тој.

„Во јануари со сигурност, но можеби и порано. Никогаш нема да го дознаеме тоа“, рече тој, додавајќи дека верува дека брзото зголемување на бројот на случаи, сугерирало дека вирусот веројатно бил донесен во Италија од страна на група луѓе, а не од индивидуа.

Италија беше првата голема западна земја која се соочи со Ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, која потекнува од Кина кон крајот на минатата година и се рашири низ целиот свет. Досега се потврдени 190.000 случаи со Ковид-19 во Италија, а од оваа болест починале 25.500 луѓе.

Во обид да се спречи појавата на болеста, на 31 јануари, откако двајца кинески туристи се тестирале позитивно на коронавирусот, Италија го прекина целиот воздушен сообраќај кон и од Кина. Научниците, пак, велат дека веројатно веќе било доцна.

Друга група италијански научници соопштија дека во втората половина на јануари коронавирусот можел да пристигне во Италија од Германија, а не директно од Кина.

Коронавирус