четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 9
home Вести

Во Истанбул вакцинирани 84 % од населението против коронавирус

Во Истанбул вакцинирани 84 % од населението против коронавирус

Речиси 84 проценти од населението во Истанбул веќе се вакцинирани против Ковид-19, објави денеска на Твитер гувернерот на турската метропола Али Јерликаја, пишува весникот „Милиет“.

До 22 септември, 83,8 проценти од населението во Истанбул е вакцинирано (со барем првата доза вакцина), а 67,5 проценти се целосно вакцинирани, нагласи гувернерот.

Тој прецизира дека од почетокот на кампањата за вакцинација во државата досега во метрополата со првата доза вакцина веќе има над 9,6 милиони луѓе, со две дози се 7,6 милиони, а со трета доза се 1,3 милиони граѓани.

Истовремено, бројот на новозаразени со Ковид-19 во Турција продолжува да се зголемува, со 29.338 нови случаи регистрирани во изминатите 24 часа. Според податоците на турското Министерство за здравство, во изминатите 24 часа од коронавирус починале 260 лица. (МИА)

Локални избори 2021