сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 7
home Вести

Во Иран уапсени 22 лица во врска со нападот на воената парада

Во Иран уапсени 22 лица во врска со нападот на воената парада

Иранските власти соопштија дека уапсиле 22 лица во врска со минатонеделниот напад за време на воената парада во градот Ахваз, за кој Техеран ги обвини САД и нивните сојузници во регионот на Блискиот Исток.

– Идентификувани се и уапсени 22 лица, кои се вмешани во нападот во Ахваз. Во куќата која и припаѓала на петчлената терористичка група што го изведе нападот, се запленети оружје, експлозивни материјали и опрема за комуникација, се наведува во соопштение на иранското Министерсво за разузнавање.

Вооружени напаѓачи во саботата отворија оган врз присутните на воената парада во Ахваз, организрана по повод одбележувањето на годишнината од почетокот на Иранско-иранската војна во 1980 година.

При нападот загинаа 25 лица, меѓу кои и 12 припадници на елитниот Корпус на револуционерната гарда.

Одговорност за нападот презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД), но иранските власти тврдат дека зад него стојат САД и нивните регионални сојузници – Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

МИА