среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Во Иран почна третиот бран од коронавирусот, Кризниот штаб бара враќање на рестриктивните мерки

Во Иран почна третиот бран од коронавирусот, Кризниот штаб бара враќање на рестриктивните мерки

На територијата на иранската провинција Техеран е регистриран третиот бран од болеста Ковид-19, која се предизвикува од инфекција со коронавирус, изјави шефот на иранскиот Кризен штаб, Алиреза Зали, повикувајќи ги властите повторно да ги воведат рестриктивните мерки.

-Во писмо до министерот за здравство побаравме повторно воведување на ограничувањата заради борбата со вирусот. Ова особено се однесува на работата од дома, рече Зали, пренесе Тасс.

Тој забележа дека е минато многу малку време меѓу вториот и третиот бран.

Во Иран во последните денови повторно дојде до зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус, особено што во последните три дена дневниот број на новоинфицирани двапати надмина 3.000.

На 15 јули Иран и официјално соопшти дека е почнат вториот бран на коронавирусот.

Коронавирус