петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 171
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Во Иран денеска од Ковид-19 починаа дури 434 луѓе

Во Иран денеска од Ковид-19 починаа дури 434 луѓе

Техеран, 1 ноември 2020 (МИА) – Иран денеска го има најлошиот ден од почетокот на пандемијата на коронавирус, бидејќи 434 лица починаа од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Црниот рекорд се случи еден ден откако иранските власти донесоа одлука за зајакнување на мерките, што предвидува затворени училишта, колеџи и џамии во голем дел од земјата.

Портпаролката на Министерството за здравство Сима Садар Лари изјави дека бројот на починати од болеста предизвикана од коронавирус се зголемил на 35.298. Бројот на новоинфицирани е 7.719, а од почетокот на пандемијата – 620.491.

Претседателот Хасан Рухани вчера рече дека новите ограничувачки мерки ќе стапат во сила од среда, во 25 од 31 иранска провинција, и дека тие ќе траат најмалку 10 дена.

Со цел да се запре третиот бран на коронавирусот, иранските власти забранија свадби, бдеења и конференции во Техеран до следното известување.

Локални избори 2021