вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Во Индија за 24 часа над 3.000 заразени со Ковид-19

Во Индија за 24 часа над 3.000 заразени со Ковид-19

Во текот на изминатите 24 часа во Индија се регистрирани повеќе од 3.000 нови случаи на заразени со Ковид-19. Според податоците на Министерството за здравство, вкупниот број во земјата достигна 49.391 лице.

Во моментот се лекуваат 33.514 пациенти, а оздравеле 14 182. Во последното деноноќие починале 126 лица, така што вкупниот број починати изнесува 1.694.

Министерството за внатрешни работи на Индија до 17 мај ги продолжи мерките за изолација и им наложи на државите да назначат „црвени“, „портокалови“ и „зелени“ зони, во зависност од бројот на заразени.

Во „зелените“ и „портокаловите“ области, со некои ограничувања, дозволено е користење такси и јавен превоз.

Во сите области, без исклучок, има забрана за работа на образовните институции и рекреативните објекти, границите се затворени, а забранети се и авионските летови и патувањата со воз и метро.

Коронавирус