недела, 9. август 2020. Вести денес: 85
home Вести

Во Индија рекорден број на заразени од Ковид-19

Во Индија рекорден број на заразени од Ковид-19

Бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус во Индија се искачи над 800.000 откако во изминатите 24 часа забележан е рекорден дневен пораст од 27.114 новозаболени лица. Во изминатото деноноќие починале 519 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од последици од Ковид-19 изнесува 22.123.

Во Индија досега со Ковид-19 се инфицирани 820.916 луѓе, со што земјата е на трето место, зад Бразил и САД. За само девет дена бројот на заразени од 600.000 се искачи на 800.000.

Во Индија над 800.000 луѓе инфицирани со Ковид-19. (МИА)

Коронавирус