понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 129
home Вести

Во Индија починаа 22 пациенти поради недостиг на медицински кислород

Во Индија починаа 22 пациенти поради недостиг на медицински кислород

Во јавна болница во индиската држава Махараштра починаа 22 пациенти поради недостиг на медицински кислород, изјави владин советник.

„Резервоарот за кислород протекуваше при полнење, што резултираше со смрт на 22 пациенти во ковид болницата“, рече Сураџ Мандари, службеник во областа Нашик во Махараштра.

Индија веќе неколку дена руши рекорди во бројот на новоинфицирани со вирусот Ковид-19, а вкупниот број регистрирани случаи надмина 15 милиони.

Коронавирус