сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 129
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

Во Хонг Конг забрана на комеморации за загинатите на Тјенанмен

Во Хонг Конг забрана на комеморации за загинатите на Тјенанмен

Првпат во три децении, полицијата во Хонг Конг забрани комеморативен собир во спомен на загинатите за време на антирежимските демонстрации на плоштадот Тјананмен во Пекинг во 1989 година, а одлуката беше објаснета со опасноста од ширење на коронавирусот.

Хонг Конг и Макао се единствените делови на кинеската територија каде се одржуваат вакви комеморации, а сега има стравувања дека ќе ги нема и во Хонг Конг во наредните години, бидејќи кинеските власти имаат намера да донесат закон со кој се криминализира какво било нарушување на авторитетот на Пекинг, наведува Би Би Си.

На копнениот дел на Кина, забрането е и индиректно да се спомене она што се случи во Пекинг на 4 јуни 1989 година, кога, по неколкунеделни масовни протести, демонстрациите во Тјананмен беа задушени со сила.

Проценките за бројот на мртвите се движат од неколку стотици до неколку илјади, а кинеските власти никогаш официјално не објавија колку лица го загубиле животот во тоа време, потсетува Би Би Си.

Парламентарни избори 2020