среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

Во Хелсинки пристигнаа двете најмоќни претседателски лимузини

Во Хелсинки пристигнаа двете најмоќни претседателски лимузини

На состанокот со претседателот на САД, Доналд Трамп, што се одржува денеска во Хелсинки, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во својата нова лимузина, која првпат ја користи при посета на друга држава.

Лимузината „Аурус” е произведена во Русија специјално за шефот на државата. Јавноста првпат ја виде на денот на инаугурацијата на Путин на 7 мај.

Трамп, исто како и Путин, при патувањата користи свое посебно возило – оклопниот „Кадилак седан“, популарно наречен „Ѕвер”. И двете возила денеска се паркирани пред Председателската палата во Хелсинки.

Путин при неодамнешната посета на Австрија пристигна во лимузина од марката „Мерцедес“, за што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков тогаш појасни дека новите руски лимузини се уште не се достапни.

Финскиот весник „Илта-Саномат” претходно објави дека новата руска машина пристигнала во Финска минатата седмица.

Претседателите на Русија и САД се единствени шефови на држави во светот кои не користат автомобили кои ги обезбедуваат земјите-домаќини на посетите.

(Миа)

Коронавирус